Реновирано подрачното училиште во гевгелиското село Кованец

Општина Гевгелија целосно го реновира старото и пропаднато подрачно училиште во селото Кованец, кое повторно ќе биде ставено во функција во второто полугодие од оваа учебна година.
Во стариот објект, кој доби и нова фасада, уредена е една училница, наставничка канцеларија, училишна кујна и тоалети. Според изборното ветување на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, училиштето во Кованец сега е целосно опремено и согласно извршениот технички прием ги исполнува сите услови да функционира како подрачно училиште во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.
Мештаните на Кованец, задоволни од исполнетото ветување, изразија голема благодарност до гевгелискиот градоначалник Франгов и општина Гевгелија затоа што нивните деца повеќе нема да патуваат до Негорци за да одат на училиште.
Реконструкцијата на училиштето во Кованец чинеше повеќе од 700.000 денари кои беа обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
