Реновирана библиотеката „Св. Наум Охридски“ во Радишани
Реновирана и реконструирана е библиотеката „Св. Наум Охридски“ во населбата Радишани, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје. Средстват
Во рамки на проектот, како што информира Град Скопје, направени се 40 рафтови и реновирана и оспособена е уште една читална на приземје со капацитет од 30 места. Одделот за британска литература е дислициран во поголеми реновирани простории. Преместен е и Одделот за дигитализација.
Од средства на библиотеката годинава биле набавени 20 персонални компјутери поради потребата од електронска поврзаност на сите 18 библиотеки, електронска обработката на библиотечниот фонд и библиотечната документација.
Во текот на 2016 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје спровела и две поголеми набавки на книги од нашите издавачки куќи. Набавени биле вкупно 2.500 книги на македонски и на албански јазик.
Ново на Сител
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта
-
Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
-
Денеска е Зачнување на св. Ана
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море