Реновиран базенот на Одделението за физикална терапија „Кежовица“
Во Одделението за физикална терапија во рамките на Клиничка болница-Штип денеска беше пуштен во употреба реновираниот базен за пациентите кои ги користат лековите води.
Економскиот менаџер на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова вели дека под надзор на физотерапевтите дневно базенот го користат од 150 до 200 пациенти од Штип и останатите региони во земјава.
- Инвестицијата е во вредност од два милиони денари, средства издвоени од сопствениот буџет на Клиничка болница-Штип. Ние како директори на болницата имаме поставено за цел да се реконструираат сите простории, каде што се лекуваат пациентите. Во планот за 2017 година предвидено е реконструкција на просторијата, каде пациентите се рехабилитират во кади со топла минерална вода, вели Папарова.
Таа забележа дека минералната вода на „Кежовица“, што се користи во физикалната терапија е позната по својата радиоактивна лековитост. Температурата на водата во новиот базен достигнува 62 степени. По лековитост е слична со Карлови Вари. Овде лек се наоѓа за многу болести како ишијас, спондилоза,фрактури и стерилитет. Одделението за физикална терапија на почетокот на годината доби нови апарати, а во моментов и двајца лекари се испратени на специјализација.
Ново на Сител
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“