-->
-->
Ренци: Не може да градиме нови ѕидови во Европа
-->

Не може да градиме нови ѕидови во Европа. Тие се градат за потоа да се уриваат. Ѕидовите не се заштита, туку стапица, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци во интервју за германскиот весник „Велт“.
- Проблемот со мигрантите треба да го решиме заедно во Европа и да имаме предвид дека тој ќе продолжи долги години, предупреди Ренци.
Тој повика да не се крева тревога поради миграциската криза, туку да се задржи спокојство и разум, бидејќи „имаме потреба од долгорочна стратегија за мигрантите“.
Ренци, исто така, изрази загриженост од однесувањето на некои нови земји-членки на ЕУ во врска со миграциската криза и распределбата на бегалците во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
