Македонија
24. July 2024 - 16:38

Ремонт на системот со управување со кризи

Македонија не е подготвена да се справи со пожарите, заклучија надлежните, откако ја утврдија фактичката состојба со пламените јазици. Ќе се реорганизира цел систем за управување со кризи, оти досегашниот не дал позитивни резултати.

Реакциите за пожарите биле задоцнети, а за актуелната катастрофална состојба во која се наоѓа ЈП Национални шуми  ја обвинија претходната власт. Владата ќе даде и 15 тони гориво на ова претпријатие од своите резерви, за да може навремено да реагира при шумски пожари.

Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од веќе постоечкиот, тврди директорот Ангелов. Има превработеност и во ЦУК и во ДЗС. Доколку се спојат во една, со што би се ослободиле од вишокот на вработени во двете институциите, ефектите ќе бидат видливи.

И додека се крои решение за нов функционален систем, се уште беснеат пожари во Македонија. Активни се седум, а најкритично во Македонски Брод. Помош од странство немаме, оти било утврдно дека нема потреба. Штети на Серта допрва ќе се утврдуваат, откако надлежните ќе излезат на терен.