-->
-->
Ремито меѓу Манчестер Сити – Арсенал шанса за Манчестер Јунајтед
-->
Дерби натпреварот од претпоследното 37.коло во англиската фудбалка Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал одигран попладнево заврши без победник 2:2, што е шанса за Манчестер Јунајтед да се пробие до место во Лигата на шампиони.
По овој резултат двете екипи остануваат на третото и четвртото место на табелата, кои носат пласман во Лигата на шампиони следната сезона. Овој исход му оди во полза на Манчестер Јунајтед кој е на само два бода зад градскиот ривал, па „црвените ѓаволи’’ кои имаат и средба помалку можат да ги минат „граѓните’’ во последното коло.
Покрај овој меч денеска се одиграа и средбите, Ливерпул – Ватфорд 2:0 и Тотенхем – Саутемптон 1:2.
На натпреварите кои беа одигран вчера, беа постигнати овие резултати: Норвич - Манчестер Јунајтед 0:1, Бурнемут – ВБА 1:1, Астон Вила – Њукасл 0:0, Кристал Палас – Стоук 2:1, Сандерленд – Челзи 3:2, Вест Хем – Свонси 1:4 и Лестер – Евертон 3:1.
Табела:
Лестер 80 бодови,
Тотенхем 70,
Арсенал 68,
Манчестер Сити 65,
Манчестер Јунајтед 63 (-1 натпревар помалку),
Сутемптон 60,
Вест Хем 59 (-1),
Ливерпул 58 (-1)
........................
Сандерленд 35 (-1),
Њукасл 34,
Норвич 31 (-1),
*Астон Вила 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024