-->
-->
Реми во Милано
-->

Одлично прво и бледо второ полувреме на „Сан Сиро“ вечерва одиграа најдобрите два тима по рестартот на сезоната во италијанската Серија А. На крајот го поделија пленот, 1-1.
Милан поведе со 1-0 во 14 минута, со прекрасниот гол од слободен удар на Чалханоглу, одлево директно во аголот.
Гостите од Бергамо притиснаа во продолжение, упатија повеќе удари кон голот на Донарума, а во 26 минута поради прекршок, по асистенција на ВАР, судијата покажа на белата точка. Малиновски биеше лево долу, но Донарума ја сочува мрежата.
Сепак, по 8 минути од пеналот, на семафорот стоеше 1-1. Запата беше најснаодлив во шеснаесетникот по една одбиена топка и биеше под голманот на „Росонерите“.
Во вториот дел двата тима беа без идеја, Милан само еднаш шутна кон голот на противникот кој немаше ниту еден обид да го загрози посериозно домашниот чувар на мрежата.
На крај реални 1-1 со кои Аталанта останува на втората позиција со 75 бода, 5 помалку од лидерот Јувентус кој во недела го игра мечот од ова коло, дома против Сампдорија.
Милан со 60 бода и понатаму е шести, зад Рома која со 61 бод е на петтата позиција која води директно во ЛЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
