Ременски не се чувствува виновна за случајот „Рекет“, Заев очекува да се докаже нејзината невиност
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, но и ја прошири истрагата за случајот, а новоосомничени во случајот се и пратеничката Фросина Ременски, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ.
За Ременски, која вчера истакна дека не се чувствува виновна и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар, судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.
Истите мерки се одредени и за Миле Јовановски, додека на Мандиќ, судија на претходна постапка одреди куќен притвор.
На новинарско прашање, што беше поставено вчера, откако пратеничката даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“, како го коментира соопштението од Јавното обвинителство во кое стои дека помагала и овозможила да се стекне впечаток во јавноста дека можат да се извлечат пари благодарејќи на контактот со извршната власт, Ременски истакна дека, освен тоа, Обвинителството немало друг доказ пред судот во делот на аргументацијата.
– Јас ќе очекувам Обвинителството да го докаже тоа што ми го става на товар, рече Ременски.
Заев, на заедничката конференција со словенечкиот премиер Марјан Шарац, истакна дека очекува да биде докажана невиноста на Ременски за да може таа повторно да се врати во органите и телата на СДСМ.
Претходно, премиерот наведе дека кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично тогаш ќе ја применуваат мерката на санкции, што значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност.
Обвинителката Вилма Русковска, по исказот на Мандиќ во Кривичен, нагласи дека има „битни докази“ за обвинението за „Рекет“. Посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за „Рекет“.
Бојан Јовановски се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, додека Милески е во домашен притвор. Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, пак, од притвор од истражниот затвор, вчера е однесена и задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп