Македонија
20. May 2019 - 16:08

Ременски го нападна законот на Спасовски со 30 амандмани

Реформите во безбедносните служби и ингеренциите на Директорот на Националната агенција за безбедност ги ставија на различна страна сопартиијците на СДСМ Фросина Ременска и Оливер Спасовски.

Ременска, која инаку е експерт за безбендносни служби, како пратеник поднела 30-тина амандмани на Законот за Национална агенција за безбедност иако овој закон Спасовски како министер за внатрешни работи го подготвуваше неколку месеци и го усогласуваше со пратениците од СДСМ, но и од опозицијата.

Аманадманите на пратеничката најчесто се однесуваа на намалување на дискреционите права на директорот на Агенција. Ременска бараше судот, а не директорот да дава наредба за користење на агент со прикриен идентитет, како и оваа мерка да трае најмногу 3 месеци, а не 2 години како што стои во законот на Спасовски.

За Спасовски овие аманмдани не беа прифатливи.

Зад амандманите на Ременска се потпишале и пратениците Павле Богоевски, Горан Мисовски, Мухамед Закири, Чедомир Саздовски и Илија Николовски. Но, за минстерот беа прифатливи само техничките амандмани.

Од друга страна, без проблем одеа заедничките амандмани на власта и опозицијата договорени преку меѓупартиските разговори.

Пратениците со согласија да го намалат мандатот на директорот на Агнецијата од пет на четири години. Него како и сегашниот директор на Управата за безбедност ќе го избира Владата, но за разлика од сега ќе може да биде разрешен и по барање на собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Безбедносните реформи се едни од клучните за Извештајот на Европската комисија. Сега се во фаза на амандманска расправа пред матичната собраниска комисија.