Ремдесивир не е доволен за лекување од Ковид-19
Лекувањето само со ремдесивир не е доволно за да им се помогне на тешко болните пациенти со Ковид-19, се вели во првото големо истражување на ефикасноста на овој лек.
Податоците објавени во медицинско списание покажуваат дека лекот го скратува текот на болеста од просечни 15 на 11 денови.
„Првичните резултати од истражувањето сугерираат дека десетдневен третман со ремдесивир бил супериорен во однос на плацебо во лекувањето пациенти со Ковид-19. Но, не беше лек и не дејствуваше брзо. Ова истражување ја поддржува употребата на ремдесивир кај пациентите со Ковид-19, особено оние кои имаат потреба од кислородна поддршка. Сепак, имајќи ја предвид високата смртност и покрај користењето на ремдесивир, јасно е дека самиот тој не е доволно ефикасен“, велат истражувачите од Националниот институт за алергии и заразни болести на САД.
Минатиот месец, федералната влада објави дека ремдесивир помага во лекувањето на Ковид-19, по што Администрацијата за лекови и храна издаде итно одобрение за негова употреба.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години