-->
-->
Рели Дакар: Нов тримф на Леб
-->
Деветкратниот светски првак во рели, Себастијан Леб, има убедлива предност по четири етапи во својот дебитански настап на релито Дакар. Леб ја забележа третата победа во последните четири дена, откако победи на 624 километри долгата етапа од Сан Салвадор до Жужуј.
Легендарниот француски ас до победата во четвртата етапа стигна со време од 3:32.34 часа. Леб беше предводник на тројната победа на Пежо, 22 секунди по него во целта влезе Карлос Саинс, додека три минути зад победникот задоцни Стефан Петерхансел.
Во вкупниот пласман Леб има предност од седум минути и 48 секунди во однос на Петерхансел, додека Саинс на третото место доцни 13 минути.
Кај мотоциклистите победи Тобијас Прајс пред Антоан Мео и Штефан Свитко. Во генералниот пласман води Гонсалвеш со една минута и 45 секунди предност во однос на Свитко и една минута и 47 секунди подобро време во однос на Прајс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен