Рекордниот пад на цената на нафтата нема негативно да се одрази на македонската економија
Од падот на цената на нафтата македонската економија би имала ќар но само на краток рок, тврдат експертите. Како увозно зависна земја за Македонија ова би значело пониски трошоци за работа , но и за потрошувачите и поголема конкурентност. Најпогодени од намалување се земјите производители на нафта. Но експертите предупредуваат, ако состојбата се влоши ниту македонската економија нема да остане имуна на последиците.
Според експертите, добро е што ниската цена на нафтата ќе ги направи дел од фирмите поконкуретни, но лошо е што таа конкуренција ќе се базира на ниски трошоци, а не на иновативност.
За Македонија дополнителен проблем е Италија - еден од најголемите трговски партнери, која од денеска целосно ги прекина врските со многу држави во светот поради коронавирусот. Ако ситуацијата таму се пролонгира проблем би имале повеќе индустрии- туризмот, текстилот кожарката индустрија.
Странските аналитичари предупредуваат, ако цената на нафтата продолжи да паѓа светот би се соочил со глобална економска криза која би била многу полоша од онаа во 2008 та година.
Денска има благо подобрување на светските берзи. Поради ширењето на коронавирусот вчера светските берзи доживеаја драстичен пад на цената на нафтата. Според податоците на лондонската берза, падот бил за над 30 отсто, на американскиот пазар, пак, цената за барел се намалила за 32 проценти. Анализите покажуваат дека ваков пад на цената немало 30 години. А поради големот пад на најважниот индекс Волстрит американскиот претседателот Трамп најави воведување на поттикнуваки мерки. На пазарот се шпекулира дека станува збор за радикални чекори.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар