-->
-->
Рекордни 41 смртен случај и 1.925 новозаразени за еден ден во Словенија
-->

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.925 нови случаи на коронавирус, а во истиот период умреле дури 41 пациент, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.
Според словенечката Влада, од последниот пресек се тестирани 6.767 лица, што значи дека 28,45 проценти од испитаниците биле позитивни.
Во болниците има сместено 1.210 пациенти, 18 помалку од претходниот ден, а бројот на лица на одделите за интензивна нега сега е намален на 200.
Во моментов во „дежелата“ има 20.151 активен случај, а стапката на инфекција во последните две недели е 961 на 100.000 жители.
Досега во Словенија им арегистрирано 50.864 инфицирани лица, од кои 676 умреа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата
-

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
