Свет
7. May 2017 - 21:43

Рекорден број неважечки ливчиња на денешните избори во Франција

Речиси 12 отсто од ливчињата во гласачките кутии на денешниот втор круг од претседателските избори во Франција, не беа ниту за Марин Ле Пен, ниту пак за новиот претседател Емануел Maкрон, туку беа неважечки.

Ова е најголем процент на неважички ливчиња на едни избори во петтата Француска Република.

Според проценките на француските медиуми, овие 12 отсто гласачи кои не сакале да го дадат својот глас ниту за Maкрон, ниту за Ле Пен претставуваат 8,8 отсто од вкупниот број регистрираните избирачи во Фрамнција.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, заедно со апстиненцијата од околу 25,3 отсто на гласачите, овој рекорден процент на неважечки гласачки ливчиња покажува дека над една третина од француските избирачи не се препознале во ниту еден од двајцата претседателски кандидати.

Во меѓу време, актуелниот француски претседател Франсоа Оланд на Твитер објави дека на Макрон „телефонски топло му честитал за победата и му поскал успех“.

Според најавите, Оланд и Макрон утре ќе присуствуваат на свеченоста кај Триумфалната порта по повод победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна.