Рекорден број на новозаболени од Ковид-19 во Струмица
Во Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие се регистрирани 11 нови случаи на заболени од Ковид-19, на возраст од 15 до 69 години.
Според директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов, станува збор за заболени од различни кластери.
-Ги преземаме сите мерки да ги откриеме контактите на заболените, правиме епидемиолошка анкета и ги мапираме контактите. Се работи за заболени од различни кластери и во најголем дел сите потекнуваат од градот Срумица. Очекувам во текот на денот Комисијата за заразни болести да заземе став за да може да преземем мерки по рекордниот број на заболени во Струмица, рече Витанов.
Инаку, на Инфективното одделение во струмичката болница се лекуваат 17 заболени, а неколкумина се пренесени и на лекување во Скопје.
Ново на Сител
-
Вулин во име на Србија им се обрати на учесниците на состанокот на БРИКС за безбедност во Русија
-
Вучиќ: ЕУ и земјите членки итно да се спротистават на самоволието на Приштина
-
Дурмиши: Се почитува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“
-
Сиљановска Давкова утре на средба со Радев во Софија
-
САС на МПЦ-ОА изрази поддршка на Украинската православна црква
-
Дурмиши: Работната група утре ќе предложи мерки за ограничување на цените
-
Во јули 204.336 туристи престојувале во земјава
-
Филипче: СДСМ е против задолжување од Унгарија