Рекорд: Нафтата за една недела поевтини на четири отсто
Цените на нафтата на светските берзи во текот на минатата недела за намалија за околу четири проценти, поради скепсата на трговците дека производителите на енергенсот ќе постигнат договор за намалување на дневното производство на „црното злато“.
На Берзата во Лондон нафтата од Северното Море поевтини за четири проценти на 49,71 долари за барел, додека цената на американската „лесна“ нафта на Њујоршката берза се намали за 4,3 отсто на 48,70 долари за барел.
Лидерите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) заедно со претставниците на Русија и на други држави производители на енергенсот на средба во Виена во саботата не постигнаа договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи. Сепак, како што јави ТАСС, договорено е на 25 и 26 ноември да се одржи средба на експертската група за преговори за намалување на производството на нафта.
На виенската средба се разговараше за планот за сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали на што инсистираат некои членки на ОПЕК, како Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но не беше постигнат конечен договор поради противење на некои од државите производители на енергенсот.
Уште пред почетокот на средбата во Виена, Иран најави дека нема да го намали своето производство на нафта, во обид да се справи со последиците од неколкугодишното нафтено ембраго, кое му беше укинато во јануари годинава по договорот за иранската нуклеарна програма.
Ирак, исто така, соопшти дека нема да се согласи на намалување на нафтеното производство, правдајќи ја ваквата своја одлука со фактот дела земјата „води војна против џихадистичката група Исламска држава (ИД)“.
Казахстанскиот министер за енергија Магзум Мирзагаливе соопшти дека ниту Казахстан не е подготвен да се приклучи кон евентуален договор за намалување на производствоот на нафта.
Претставниците на руската делегација одбија да дадат каков било коментар за плановите, но аналитичарите проценуваат дека Москва нејверојатно ќе се согласи на намалување на дневното производството на нафта, имајќи пред вид дека неодамна тоа го најави и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Приклучувањето на Русија кон евентуалната одлука на ОПЕК за намалување на експлоатацијата на нафта, е од клучно значаење, од причина што земјата е најголем светски производител на енергенсот по Саудиска Арабија, која веќе почна да ги чувствува последиците од ниската цена на „црното злато“.
Аналитичарот на „Снекос Нечрл Рисорс“, Џефри Хејли смета дека инвестирите се сомеваат дека ОПЕК ќе успее да договори намалување на производството.
- Би се виздржал од преамбициозно толкување на реториката во пресрет на следната средба закажана за во ноември, изјави Хејли.
Во вакви услови аналитичарите очекуваат дека цените на нафтата и во следниот период ќе останат стабилни.
Поради зголеменото производство на енергенсот, цените на нафтата од средината на 2014 година, па до февруари годинава, паднаа од над 100 долари на околу 30 долари за барел, што преставуваше нивна најниска вредност во последниве 13 години. По ова, во изминативе месеци, цената на енергенсот се стабилизираше и се одржува на ниво меѓу 40 и 50 долари за барел.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп