Македонија
19. јуни 2019 - 16:15

Реконструкцијата на Владата до крајот на неделата

Премиерот Зоран Заев потврди дека в петок ќе ги достави своите предлози за нови министри до Собранието со цел да ја заокружи највената владина реконструкција. Без да открива ротации и нови имиња се надева дека мнозинството пратеници веќе на почетокот од наредната недела ќе дадат поддршка за промените во владиниот кабинет.

- Планирам до петок да ги доставам предлозите за реконструкција на Владата зошто Парламентот на почетокот на идната недела планира седница. Ако тоа се случи во понеделник или вторник следната недела веднаш по изгласувањето на реконструкцијата продолжуваме со промената на директорските места и да ги завршиме кадровските промени...

И од ДУИ потврдуваат дека постигнат е межукоалициски договор за владината реконструкција и остануваат договори за диуректорските места.

Според досегашните информации владејачката СДСМ ќе направи  до четири измени, од кои една е сигурна – заминува министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој стана партиски секретар. ДУИ пак, ги заджува ресорите. Прави измена во министерството за живтона средина од каде заминува Садула Дураку, а доаѓа Насер Нуредини. Дураку пак, ќе стане нов министер за политички систем. НЈов министер за локална самоуправа веќе извесно е дека ќе биде пратеникот и лидерот на ЛДП Горан Милевски. НДП која досега го држеше овој сектор би добила министер без ресор.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека реконструкцијата е само театар со кој се штити самиот Заев. Слчна порака ситигнува и од алабанската опозиција.

Заев најавува дека до крајот на месецот ќе се комлетира и партиската структура на СДСМ каде што првично почна операцијата метла. За испразнетите потретседателските позиции се споменува пратеникот Хари Локвенец, а се очекува реименувањ и на Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.