Реконструкцијата на спортската сала „Младост“-Битола во завршна фаза

Спортската сала „Младост“ во Битола во која настапуваат спортисти во различни спортски дисциплини и натпреварувачки конкуренции наскоро повторно ќе биде пуштена во употреба.
Реконструкцијата, која се врши со средства на локалната самоуправа е во завршна фаза, а денеска ќе биде поставен и нов семафор.
Со досегашните реализирани активности, спортската сала „Младост“ доби нов начин на затоплување, игралиште со димензии според европски стандарди, реконструирано гледалиште, нови столчиња. Вкупната инвестиција на инфраструктурните активности кои се реализираат во објектот изнесува половина милион евра. Во завршна фаза е поставувањето на столчињата. Денес ќе биде донесен и новиот семафор, кој што ќе биде поставен во салата, а со тоа првиот дел од реконструкцијата, на некој начин, ќе се заокружи, информираат од локалната самоуправа.
Во наредниот период, ќе бидат средени и ходниците, соблекувалните и вториот дел од тоалетите. Покрај инвестициите во спортот и спортските објекти, Општината активно работи и на реализација на други инфраструктурни проекти, информираат од Општина Битола.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
