Реконструкција во училиштето во кривопаланечко Жидилово

Со средства во висина од 1.250.000 денари се гради потпорен ѕид и се уредува училишниот двор во подрачното училиште на основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.
- Последните неколку години потпорната стена и оградата беа комплетно руинирани, а пристапните скали беа дотраени, што претставуваше лоша слика за училиштето но и за минувачите, бидејќи самата зграда е до магистралата која води кон Бугарија. Баравме средства од донатори, но не изнајдовме, по што издвоивме дел од заштедата од блок-дотациите на училишниот буџет, информираше Драган Ристовски, директор на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.
Ѕидот е со вкупна должина од околу сто метри, а ќе се постави ограда од ковано железо и ќе се направат нови пристапни скали. Додаде дека изминатиот период е реконструирана целата училишна зграда со средства од повеќе извори, како и од Министерството за образование и наука.
- Изминатите 7-8 години постојано се вложуваше во обнова на ова училиште. Реконструирана е кровната конструкција, извршена е замена на столаријата со ПВЦ, запазена е енергетската ефикасност на објектот, а инсталирано е и парно-греење, со што се исфрлени старите шпорети на дрва, има поголема хигиена и се заштедува за молерисување, дополни Ристовски.
Подрачното основно општинско училиште во село Жидилово е изградено по Втората светска војна. Тоа е едно од вкупно осумте подрачни училишта на „Јоаким Крчовски“ каде се одвива настава од прво до деветто одделение.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
