Реконструкција на улиците во индустриската зона Визбегово

Општина Бутел ја почна реконструкцијата и санацијата на повеќе улици и сообраќајници: „Хо Ши Мин“, „Петар Манџуков“, „Боро Менков“, „Качанички пат“, улицата „1151“ во Визбегово, како и повеќе улици во Љубанци и Љуботен.
- Прв за обнова е стариот Качанички пат и другите пристапни патишта во индустриската зона Визбегово. Вкупната должина на санираните сообраќајници ќе изнесува еден километар со што ќе биде подобрена сообраќајната комуникација во индустриската зона, информира општина Бутел.
На сите сообраќајници ќе биде извршено машинско гребење на повеќе од 2.000 метри квадратни и ќе биде вграден асфалт во износ од 350 тони.
Општина Бутел работи и на донесувањето на урбанистичките планови за Визбегово. Урбанистичкиот план за индустриската зона Визбегово го изработува Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање во опфат од 117 хектари, а општина Бутел го изработува урбанистичкиот план за населеното место Визбегово, со кој ќе биде опфатена површина од 170 хектари.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Гив Груп“ од Скопје. Од буџетот на општината обезбедени се 4,9 милиони денари.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
