Loading Video...
Македонија
7. February 2019 - 16:46

Реконструкција на убиството на Никола Саздовски

Обвинетите, сведоците и вештаците повеќе од 2 часа вршеа реконструкцијата на убиството на Никола Саздовски, извршено на автобуска постројка во скопската населба Автокоманда. Во целиот процес беа користени статисти и кукла. Клучното прашање беше дали младиот Саздо починал од здобиените удари од напаѓачите, или пак смртта настанала поради ударот во метална кутија на ЕВН поставена во близина на автобуската.

Според семејството на убиениот и нивниот адвокат, освен што обвинетите денеска сведочеле контрадикторно во однос на тоа што го кажале во суд, на лице место е утврдено дека убиениот воопшто не удрил во никаква кутија.

Одбраната пак вели дека станува збор за школски пример за смртни последици по извршено кривично дело “насилство”.

Тој најави дека ќе побараат од ЕВН, нивни надлежни лица да докажат дали кутијата е пластична или метална.

Според обвинението, Бесир Беља и Скендер Демири, кои се во притвор во Шутка, заедно со 19 годишниот Ј.Љ. кој што е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски. Од здобиените повреди, 10 дена покасно тој почина на КАРИЛ. Реконструкцијата треба да ги даде клучните докази за квалификацијата на делото, дали станува збор за “насилство” или пак за “убиство извршено на свиреп начин”.