Свет
20. July 2015 - 8:58

Реконструкција на привремената влада во Тајланд

Во Бангкок е најавено дека претстои реконструкција на сегашната влада, составена воглавно од припадници на рмискиот врв, а на чие чело е водачот на воениот удар од мај минатата година, генералот Прајут Кан-ока. Смената на повеќе миисти ја најави портарлот на Националниот совет за реформи, кој рече дека реконструкцијата е последица од се поголемата недоверба на граѓаните во можностите на сегашната влада успешно да ја води државата, особено на економски план.
 
Во најавата за сменување на министрите портпаролот на Советот за реформи нагласи дека, иако министрите што замиуваат и не мора да се директно виновни за дел од неуспешните политики, за да се врати довербата на граѓаните тие ќе отстапат место на поенергични личности. Тој додаде дека во политиката  е најважно што за нејзините резултати мислат луѓето, а за да се намали нивното незадоволство и да се поврати вербата во иднината, ќе се прави реконструкција на владата.
 
До промеите во тајландската влада доаѓа по едно испитување на јавното мислење во кое над 71 посто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни со перформанските на сегашниот тим на генералот Прајут Кан-ока.