Реконструкција на паркот „Жена борец“

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на паркот „Жена борец“.
Трајановски рече дека станува збор за реконструкција на јавна зелена површина од околу 7.000 квадратни метри, на којашто ќе се изврши замена на стариот со нов тревник и дека екипи на Град Скопје интензивно работат на хортикултурно уредување на паркот.
- Ќе се постави и систем за наводнување со 135 прскалки, 1.000 метри ситем капка по капка, главна водоводна мрежа од 850 метри и 35 хидранти за полевање на зеленилото. Во рамките на паркот е заменета старата и оштетена урбана опрема со нова. Уредени се и патеките, а веќе се монтирани 55 вградени светилки коишто ќе ги осветлуваат дрвјата. Ќе се постави и ново осветлување со 45 декоративни столбови за осветлување со висина од 4,4 метри, на кои ќе се монтираат светилки од 70 вати. Во паркот ќе се изградат и три чешмички за пиење вода и се надевам дека по неговата реконструкција ќе го направиме попријатно место за граѓаните. изјави Трајановски.
Како што соопшти Град Скопје, на хортикултурното уредување на паркот работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 5 милиони денари.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
