Македонија
30. May 2019 - 16:11

Реконструкција кон средината на јуни, Заев знае кого ќе смени

Најдоцна до средината на јуни ќе бидат познати првите функционери кои ќе ги исчисти “метлата” на Заев. Премиерот изјави дека веќе знае кои лица би ги потавил за нови министри или директори.

-Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, рече Заев

Спикерот Џафери информираше дека после 7 јуни е подготвен да закаже седница доколку стигне предлог од Премиерот Заев за избор на нови министри.

Засега е јасно дека нови министри сигурно треба да бидат назначени во ресорите култура по оставката на Асаф Адеми и земјоделие ,бидејќи Љупчо Николовски е назначен за нов генерален секретар на СДСМ. Тој се надева дека ќе продолжат да се реазлизираат започнатите проекти во министерството, а на Премиерот ќе му било важно неговото мислење кој да го наследи.

-Ќе разговараме со Премиерот и мислам дека ќе му биде битно моето мислење, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Премиерот смета дека најавената метла била мотив и за скандалот кој се случи на клиниката за гинекологија. Економскио0т директор Ваљон Беља според Заев, бил свесен дека ќе биде сменет пред да излезе со обвинувањата за наводни злоупотреби.

-– Тој така настапи затоа што му беше соопштено дека ќе биде разрешен и тргна по тој пат, Откако слушна дека ќе биде променет, истапи со вакви работи. Индициите за одредени криминални дејствија или било што, истражните органи треба да ги проверат, почнувајќи од Зоран Заев па надолу, по хиерархијата на извршната власт, без оглед за кого се работи, додаде Заев.

Премиерот ги повика истражните органи да ги проверат сите индиции за одредени криминални дејства почнувајќи од него.