Македонија
4. May 2017 - 17:18

Реконструирана градинката во населбата Ченто

Во градинката „25 Мај“ во објектот „Сонце“ во населбата Ченто реконструирани се две простории и изградени се два нови тоалети, кои се адаптирани за сместување на околу 50-тина деца.

Како што соопшти општина Гази Баба, финансиската конструкција за овие градежни активности е 463.740 денари, а работите ги изведувала фирмата „Ингрес“ од Скопје.

Увид во градежните активности извршил градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.