Реконструиран големиот парк во Гостивар, наскоро нови паркови во околината
Гостиварската локална власт планира да направи паркови во околните села и населби и да се преуредат неколку зелени зони кои се запуштени, ова го најави градоначалникот Арбен Таравари на завршетокот на работите во големиот градски парк.
Таравари на новинарско прашање околу прозивките на опозицијата дека фаворизирал одредени компании кои ќе ги вршат градежните работи и уредувањата, ги отфрли обвинувањата и појасни дека станува збор за два тендера и два различни проекта.
- За уредувањето на големиот парк тендерот го распиша јавното претпријатие и се одвиваше според законските процедури. Додека за втората активност, општината веќе покрена тендерска постапка. Нашите опоненти треба подобро да ги читаат огласите и да не критикуваат без основа. Јас се надевам дека во скоро време, во дел од населените места во општина Гостивар ќе завршат работите и граѓаните ќе добијат убави парковски површини, изјави Таравари.
Реконструкцијата на големиот парк што се наоѓа на двата брега на Вардар започна во април со рамнење рамнење на површината. Потоа следуваше уредување на патеките со бекатон плочки, сеча на дрвјата кои беа во фаза на распаѓање и нивна замена со нови садници. Во реконструираниот парк покрај парковската опрема поставено е и ново осветлување. За оваа намена се потрошени околу 1,9 милиони денари, а за набавката на клупи и друга опрема предвидено е да се потрошат уште еден милион денари.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
