-->
-->
Реконструиран централниот објект на ООУ „Јоаким Крчовски“
-->

Активностите за реконструкција на внатрешните подови на трите ката во матичниот објект на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка се завршени, со што е заокружен годинашниот инвестициски циклус, информира директорот Дане Петровски.
Комплетирана е и замената на подните плочки во холот и на скалите во централната зграда, инвестиција извршена по целосната санација на санитерните јазли во истиот објект по 40 години од неговата градба.
– Во текот на 2019 година во ООУ „Јоаким Крчовски“ се направени повеќе градежни активности: изградени се нови санитарни јазли, со извршена замена на доводна и одводна мрежа, вградени се по два хидранти на сите катови и подрумските делови, заменета е доводната мрежа со соодветно 16 -барско црево, комплетно се заменети сите плочки по хоризонтали и вертикали во објектот од двата влеза. Вградени се фотоволтаични панели, а за 2020 година е планирана санација на постоечката фасада со термоизолациска- енергетски ефикасна фасада, со што ќе се заокружи целокупниот процес за комплетно реновирање на овој учишен објект, а истиот ќе ги исполни условите за енергетски ефикасен објект, изјави Петровски.
Сите училници во кои учат ученици до петто одделение во градот и подрачните училишта се опремени со смарт телевизори, со достапен интернет, а извршена е набавка и две смарт табли, повеќе проектори и лаптоп за потребите на наставниот кадар и останатите стручни служби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
