Живот
30. September 2016 - 17:42

Рекол на жената дека мора да се ослободат од пит булот поради бебето, но она што се случило...

Таткото бил загрижен дека пит булот кој го чувале ќе претставува опасност за нивната новородена ќерка. Рекол на жената дека мора да се ослободат од кучето доколку приметат било штo сомнително. Она што се случило било целосно поразлично од она што се плашел.
 
Мојата жена и јас имавме две кучиња кога се земавме. Имавме мешавина на пит бул и лабрадор по име Зек кој од нашата прва средба ме мразеше. Кога се роди нашата ќерка, и реков "Нека само заржи, има да лета од куќата",
 
Кога го донесовме детето од болница, двете кучиња го душкаа мрдајќи со опашите. Зек морав да го одвлечам бидејќи не престана да го лиже бебето. Од првиот момент тој стана заштитник на мојата ќерка. Кога лежеше на ќебе на подот, тој веднаш ставаше една шепа на нејзе, што беше негов знак дека ја чува.
 
Зек неизмерно ја сакаше мојата ќерка, па кога таа малце порасна тој ја следеше до кревет и спиеше со нејзе. Како да имаше внатрешен часовник, секогаш кога ќе дојдеше 8 застануваше на скалите - во време кога таа одеше да спие.
 
Зек беше отруен од некои деца од соседството и тоа беше еден од најлошите денови во нашиот живот. Заедно со мојата жена гледавме како нашата ќерка се опростува од него додека тој безживотно лежеше на земјата.
 
Истата вечер во 8 мојата ќерка стана и отиде до скалите, застана покрај ѕидот до нејзината соба и во тој момент сфативме што се случи. Тоа беше за прв пат во 5 години Зек да не ја следи по скалите. Кога не погледна во нејзините очи видовме само страв и паника.
 
Во тој момент моето куче, кој исто така многу ја сакаше мојата ќерка но не толку лудо како Зек, стана отиде до нејзе и ја гурна со њушката. Ја стави шепата на скалите и ја погледна. Се искачија заедно до нејзината соба.
 
Во следните шест години, додека не умре, Сем ја чекаше кај скалите секоја вечер.