-->
-->
Реклама со скриена порака која ќе ви ги отвори очите!
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/december/gfdzhchedzdzhdzdzhdzer-91451.png?itok=TjWN7p7i)
Видеото го следи средношколецот Еван, кој си разменува пораки на клупа во училишната библиотека со непозната девојка. Пред почетокот на распустот, Еван случајно ја запознава девојката со која флертуваше. Додека тие разговараат, во салата влегува вооружено момче, подготвено за напад.
-Додека вие го гледавте Еван, друг ученик покажуваше знаци дека планира пукање. Но, никој не забележа, се вели во видеото. Потоа, видеото се фокусира на напаѓачот кој чита списанија за оружје, гледа видеа за стрелање, позира со пиштол на социјалните мрежи и е малтретиран од врсници.
Рекламата е на „Sandy Hook Promise“, непрофитна организација предводена од роднини на жртвите во грозоморниот напад на основното училиште „Сенди Хук“ пред 4 години. Тогаш, дваесетгодишниот Адам Ланза немилосрдно одзеде 26 животи, откако претходно го прекина животот и на својата мајка. За да биде трагедијата уште поголема, 20 од жртвите беа деца на возраст од 6 и 7 години.
Пораката на рекламата е луѓето да ги научат знаците кои укажуваат дека некој планира трагедија.
Од организацијата велат дека 80% од напаѓачите на училишта и 70% од лицата кои планираат самоубиство кажуваат некому за своите планови, но многу често никој не се вмешува.
Вооружените напади на училишта се голем проблем во САД и се случуваат пречесто. Тоа е една од причините што многумина бараат промена на законите за поседување на оружје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист