Рекетот и СЈО централни теми на пратенички прашања
На бизнисмен кој добил тендер од РЕК Битола функционер на владејчката партија му побарал 250.000 евра, но парите не биле исплатени поради тоа што бизнисменот добил заштита од странска амбасада откри пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на седницата за впратенички прашања.
Тој се повика на објава за случајот на неколку портали. Премиерот Зоран Заев вели се работи за лажна вест, побара пратеникот да открива скандали надвор од собраниската говорница која го штити со имунитет.
На пратеничките прашања тема беше и новиот закон за обвинителство. Се коментираше и предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нов јавен обвинител да биде поранешнот претседател на кривичниот суд Владимир Пначевски.
Премиерот беше запрашан и за тоа дали е нормално новинари да бидат повикувани во полиција затоа што ги објавиле разговорите од скандалот за тендерот на „македонски навигации“ во кои е вмешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
- Ова беше последна прилика народните избраници да бараат одговори од извршната власт пред тие да заминат на годишен одмор.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар