РЕК Битола: Го охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и во иднина будно да го следи нашето работење
Реакција од РЕК Битола на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
РЕК Битола ја охрабрува политичката партија ВМРО-ДПМНЕ будно да го следи работењето на комбинатот и во иднина. Да ја известува јавноста и за инвестициите во капитални проекти што се во тек или што се планираат во блиска иднина.
Производствените и финансиските биланси на РЕК Битола и на АД ЕСМ изминатите две години доволно зборуваат за начинот на работа на комбинатот и компанијата. Тие се заслуга на СИТЕ вработени.
Во меѓувреме, РЕК Битола ќе го санира дефектот заради кој Блок 3 денес е надвор од функција. Ќе ги санира и сите евентуални следни дефекти на различни постројки кои со години наназад биле запоставени и ќе обезбеди стабилно производство на електрична енергија во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година