РЕК Битола: Блокот 3 се санира по пожарот, коментарите од неинформирани лица се несериозни
АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја информира јавноста дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2. Како што е добро познато, трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар кој се случи вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет.
Намерите на лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, да ги коментираат состојбите во комбинатот, цениме дека се несериозни и злонамерни. Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат, стои во соопштението на ЕСМ, подружница РЕК Битола.
Ново на Сител
-
Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер
-
Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина
-
Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците