Македонија
28. March 2016 - 20:21

Регулација на коритото на реката во Голема Речица

Општина Тетово и министерството за жвиотна средина со потпишување договор  договор се обврзаа заеднички да извршат регулацијата на коритото на реката во Голема Речица со што надлежните институции започнуваат превентивни мерки со цел заштита од поплави.  Реката во Речица беше една од водотеците кои се излеаа во невремето во август и предизвикаа човечки жртви и големи штети.

За превенција од поплави во општина Тетово се израбтоува еден поголем акционен план што треба да опфати регулација на коритото на реката Пена како и голем број други потфати.

Во август минатат година поради поплавите и свлечишпта загинаа 6 лица од кои 4 деца, а стотици објекти беа оштетени.