Македонија
19. September 2020 - 10:00

Регистрирани се 623 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 623 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.