Регистриран земјотрес во Струмичко
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко.
- Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!