Регистриран случај на „морбили“ во бегалскиот камп во Гевгелија
Епидемиолошката служба од Општата болница во Гевгелија денеска при редовниот увид во Прифатно транзитниот центар Гевгелија дијагностицира еден случај на заразно заболување „морбили“ по претходна пријава од лекарскиот тим кој дежура во бегалскиот камп.
Дијагнозата, информираа епидемиолозите, е нотирана кај едно тригодишно девојче од Авганистан кое е згрижено според медицинските стандарди за вакви случаи.
Од страна на епидемиолозите и инфектолозите, лекаркиот тим во ПТЦ Гевгелија доби насоки за понатамошни постапувања и превенција од појава на ширење на заразното заболување.
При денешниот увид беше констатирано дека генерално хигиената во ПТЦ се одржува редовно и оти се наоѓа на задоволително ниво, а беше извршена и дезинфекција на површина од 1.250 метри квадратни.
Моментно во ПТЦ Гевгелија има 100 мигранти, а во надворешниот предприемен шатор уште 153 кои успеале нелегално да ја минат границата и кои по извршената проверка од страна на МВР се враќаат во дивиот бегалски камп во Идомени каде се уште според слободна проценка има десетина илјади бегалци.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно