Регионалниот проект „Правда“ премиерно прикажан во Загреб

На Академијата за драмски уметности во Загреб со премиерната изведба на седум драмски текстови на тема „Правда“ вчеравечер беше претставен досега најголемиот регионален проект на театарските академии и факултети.
На „KRADU- Kazalisne revije ADU“ во салата F22- нова академска сцена, учествуваа студенти од седум факултети за драмска уметност од земјите од регионот, на која се претставија четириесетина студенти.
Проектот започна во 2013 година по иницијатива на Академијата за драмски уметности од Загреб преку основање на Регионална мрежа на академии (Словенија- Хрватска- Србија- Босна и Херцеговина- Македонија- Црна Гора) со цел поврзување на студентите од театарските и филмските академии од слично говорно подрачје.
Во целиот проект за оваа премиерна изведба беа вклучени осумдесетина учесници, студенти и ментори од вмрежените академии, така и студенти од Загреб од Факултетот за архитектура, Студии по дизајн, Текстилно- технолошки факултет и Академијата за ликовни уметности.
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
