Регионалната директорка на УНДП во дводневна посета на земјава
Мирјана Спољариќ Егер, помошничка администратор на УНДП и директорка на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.
За време на престојот, Егер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со заменикот претседател на Владата за европски прашања Бујар Османи.
Процесите за ЕУ интеграција, тековната реформа на клучните државни институции, креирањето работни места, вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот, заштитата на животната средина и намалувањето на ризикот од катастрофи, се темите на кои ќе разговараат Егер, Заев и Османи.
Дел од агендата се Целите за одржлив развој.
Во рамки на посетата директорката на УНДП за Евроазија ќе посети неколку програми и проекти што во моментов ги спроведува УНДП.
Ново на Сител
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?