Македонија
27. May 2023 - 16:27

Регионалната депонија во Новаци треба да биде готова од крајот на следната година

До крајот на 2024 година треба да биде готова изградбата на депонијата за Југозападниот регион позиционирана во Новаци.

Министерката за животна средина Шукова најави дека моментално е подготвителниот период , до крајот на годината ќе започне набавката на опрема за јавните претпријатија а потоа и  изградбата на претоварните станици.

Екологистите посочуваат дека најнапред целиот отпад треба да се  селектира и на крај да се  депонира согласно европските регулативи.

Со изградбата на регионалната депонија ќе се затвори депонијата на Буково ,струшката и сите останати што е и една од  препораките на Унеско. и ќе се реши  деценискиот проблем со загадувањето на животната средина.