Македонија
24. May 2018 - 16:28

Регионална полициска мото тура низ Македонија

Македонија е домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

Идејата за организирање на ваков настан потекнува од Словенија, земја во која се одржала првата ваква средба во регионот. Целта на ваквите мото - средби е подобрување на соработката меѓу полицијата од регионот и Европа.

Дел од програмата на ИПА средбите е и подигнување на свеста на граѓаните да користат соодветна опрема при управување на мотоциклите, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Мото средбата во Македонија ќе трае три дена. Рутата на движење ќа се одвива од Скопје – Прилеп – Крушево – Охрид – Струга – Дебар и назад во Скпопје, каде што ќе биде избрана и следната земја домаќин.