Регионална конференција за социјално претприемништво
Завршен настан од проектот „Смарт Старт:Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје.
Проектот е поддржан од Европска Унија, а го спроведува Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).
На настанот ќе се обратат Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП, Ирена Иванова, Делегација на ЕУ во Скопје, Дамир Зековиќ, Смарт Старт програмски менаџер од Босна и Херцеговина, Душан Томшиќ, Министерство за труд и социјална политика, Килиан-Ј. Андрес Ескајола, Старт хаб Африка и Џејлан Озунел од Фондацијата ЈАДА Вакфи.
Освен наведените говорници, свои презентации ќе имаат и дел од невладините организации кои се трансформираа и успешно работат како социјални претпријатија.
Ново на Сител
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година