Регионален тренинг систем во областа на водоснабдување и третманот на отпадни води
Челници и претставници на 20 тина национални асоцијации на локалните самоуправи и ЈКП од 10 земји од ЈИ Европа се состанаа во Загреб, Хрватска на првиот работен состанок за проценка на можностите за воспоставување на Регионален Тренинг Систем во областа на водоснабдување и третманот на отпадни води.
Земјите од регионот се соочуваат со исти или многу слични проблеми. Посебни организации преку различни донатори досега реализираа повеќе обуки за управување со имот, со испорачана, но нефактурирана количина на вода и сл., но сепак недостасува „големата слика“ која ќе ги покаже вистинските приоритети на регионот во целина. Најголем дел од обуките се преповтараат и не ги даваат саканите резултати.
-Ги обучуваме луѓето на едно и исто или пак постојат цели области на кои не им свртуваме внимание. Така што, апсолутно, координацијата е неопходна.-изјави Добромир Симитчиев, Р. Бугарија, консултант на Дунавската програма за води
Истражувањата покажаа дека најголем интерес постои за обуки на менаџерските тимови кои се задолжени за спроведување на големи инфраструктурни проекти, финасирани со средства од фондовите на ЕУ, но и на донаторите.
-Ние сме активни во регионот веќе извесен период и подршката на обуките за вработените или институциите, ќе продолжат и во иднина, затоа што нашите инвестиции во секторот води ќе има свој континуитет и во годините што доаѓаат. –изјави Франк Видекер, регионален советник за води и животна средина СДЦ/СЕЦО
Потребата од регионална соработка се огледа и во фактот што поединечно земјите не можат да организираат посебни обуки, кои во тој случај би чинеле многу и повторно нема да одговорат на сите потреби на граѓаните.
- Неоходно е заедничко дејствување, со цел пренесување на добрите резултати, добрите пракси и нивното понатамошно мултиплицирање, и едноставно прибирање на информации врз чија основа ќе се донесуваат и одлуки, но и да се предлагаат оптимални решенија-изјави Предраг Паниќ, Сојуз на општини и градови од Р. Српска, БиХ
-Мислам дека уште долго ќе не поврзуваат програмите, проектите и странските донатори- изјави Љубинка Калуѓеровиќ, Постојана конференција на градови и општини во Р. Србија
Проектот е подржан од ГИЗ програмата преку Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги и Швајцараската влада.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
