Регионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

Четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион денеска и утре ќе се одржи во Скопје, на кој средни, мали и микро бизниси од овој регион ќе ги промовираат своите производи.
- Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио, наведуваат организаторите.
Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Денеска во 18 часот балерини ќе го изведат перформансот балет на грозје - газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18 часот. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21 часот кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.
За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии).
Регионалниот саем на врвни производи од Вардарскиот регион ќе се одржи во просториите на Јавна соба, а влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-

Пет пријави, а три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
-

Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози, Ѓорѓиевски ќе разговара со директорите за забрана на мобилни телефони на настава
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
