Регионален пункт за имунизација отворен и во Струмица
Струмица доби регионален пункт за масовна вакцинација. Спортската сала на училиштето Никола Вапцаров е локацијата на која од сега граѓаните од вој регион ќе може да ја примаат вакцината против Ковид 19. Од здравствениот дом информираа дека интересот на граѓаните е голем. Само за денеска беа закажани околу 450 термини , меѓу кои имаше и граѓани за ревакцинација. Можност за вакцина добија и граѓаните кои претходно имале термин за пунктот во Штип.
„Имаме голем одзив на граѓани. Исто така надвор се наоѓаат и граѓани кои што имале закажано термини во Штип и сега се обраќаат тука кај нас за тука да ја аплицираме вакцината“, вели Љубица Митева - директор на Здравствен дом Струмица.
Иницијативата за регионалниот пункт општина Струмица ја покрена поради големиот интерес за вакцинација, но и реакциите на граѓаните дека сите немаат можност да патуваат до Штип.
„Пред се сум задоволен затоа што нашите граѓани нема да мора да патуваат во други општини да се вакцинираат имајќи во предвид дека се согласуваме дека вакцините се Вакцините се најсилното оружје во борбата против оваа пандемија“, рече Коста Јаневски градоначалник на Општина Струмица.
Граѓаните кои се вакцинираа задоволни. Велат процесот тече брзо и без проблем.
Според најавите, дневно на овој пункт во просек би требало да се аплицираат по околу 500 вакцини.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар