Регионален форум „Депонии: Каде и кога?“
Регионален форум „Депонии: Каде и кога?“ ќе се одржи денеска во Тетово во организација на Цивика Мобилитас, на кој уште еднаш ќе се актуелизира долгогодишниот проблем со депониите и барањето решенија за нив.
На форумот ќе се обратат градоналачниците на Тетово, Гостивар, Струга, Јегуновце, Желино, Теута Арифи, Арбен Таравари, Рамиз Мерко, Дарко Блажески и Бљерим Сејди.
Планирано е и обрќање на Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на полошкиот плански регион и Арианит Џафери, претседател на Еко герила.
Во Македонија има 54 комунални депонии, кои ги загадуваат подземните води, почвата и воздухот, а експертите проценуваат дека 16 депонии се со висок, 16 со среден, а 19 со низок ризик за животната средина.
Единствено, скопската депонија „Дрисла“ има интегрирана дозвола за управување со отпад, а покрај комуналните, кои најчесто не ги исполнуваат минималните технички услови за да аплицираат за добивање дозвола, во Македонија има уште околу илјада диви депонии.
Досегашните напори да се завршат и профункционираат регионалните депонии останале без успех делумно и заради отпорот на локалното население, кое не дозволува тие да бидат лоцирани во околината на нивните населени места.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат