Реформите во правосудството ја носат Нуланд во Тирана

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд,во рамките на нејзината балканска турнеја, во недела, 10 јули, ќе престојува во Тирана.
Во албанската престолнина, Нуланд ќе има средби со високи владини функционери, лидери на политички партии, но и со претставници на граѓанскиот сектор. Главна тема на средбите ќе бидат реформите во правосудтсвото за кои и понатаму власта и опозицијата имаат спротивставени ставови и далеку се од потребниот консензус.
„Нуланд во Тирана го придружуваше државниот секретар Џон Кeри, за време на неговата куса посета на Тирана во срeдината на февруари година, при што нејзината порака беше што побрзо изгласување на реформите. Идентична порака таа на албанската политичка класа и упати и при нејзиниот престој во Тирана пред една година#, потсетува телвизијата Топ-чанел.
Според истиот извор, во текот на изминатата недела таа имала интензивни контакти со албанската опозиција, кога во телефонските разговори со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Бериша, била запозната со се уште нерешените прашања, како и предлозите на ДП.
Гласањето на реформите се очекува да биде во парламентот на 21 јули. Пред овaа седнiца се очекува Нуланд да упати јасна порака до албанската политичка елита.
Истиот ден, Нуланд ќе престојува и во Приштина, во обид да помогне во решавање на прашањето за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
