Балкан
18. November 2019 - 10:25

Редок феномен во Хрватска: Црвени виленици снимени на небото над Ѓаково

Метеролошката камера во Ѓаково на 15 и 16 октормври сними необичен и редок метеоролошки феномен, таканаречени спрајтови или црвени виленици.

Светлосната појава на снимката всушност е една форма намолњи односно електрично празнење. Иако тоа не се гледа на оваа црно-бела видео снимка, сепак овој феномен обично има црвенкаста или портокалова боја, од каде и доаѓа името црвен виленик.

Тешко се фотографираат.

За разлика од обичните молњи се јавува многу високо во мезосферата, некаде меќу 50 и 90 км над грмежните облаци и има различно облици и видови на сјај на ноќното небо.

Првите записи за овој феномен се појавиле во 1886 година, а првите снимки дури во 1989 година.

Црвените виленции тешко може да се уловат со камера зошто нивната појава трае само неколку милисекунди и често и не се забележуваат со голо око, туку само со посебни фото-осетливи камери.