Македонија
17. January 2022 - 16:33

Редари се обидуваат да воспостават ред со паркирањето на Клинички

По серијата прилози на Сител за сообраќајниот метеж на клинички, се активираа надлежните. Денеска тројца вработени од Градски паркинг стоеа пред главниот влез и ги пренасочуваа автомобилите кон другите влезови за да не се создава гужва. Дополнително на возачите им се делеа и флаери со информации на кои локации се поставени паркоматите, за да не губат време во нивно пронаѓање но и да се забрани протокот на возила. Дополнително вработените им помагаат на оние кои не знаат да ги користат.

Иако според надлежните е се уште рано да се каже дали новиот план ќе го реши проблемот, со оглед на тоа дека во прашање е и свеста на граѓаните, се надеваат дека ова опција ќе даде позитивен резултат. Од друга страна пак, иако гужва во попладневните часови немаше, граѓаните се пожалија дека се уште имаат проблем да најдат слободно паркинг место.

За да се надмине и овој проблем, новиот директор на градски паркинг Бојан Христовски најави дека ќе постави и нови патокази за тоа на кои лоакции ќе може да се паркира.