Речиси милион луѓе приведени на јужната граница на САД

Речиси еден милион луѓе се приведени во САД на границата со Мексико од октомври 2018 година досега, што е највисока цифра за 12 години, изјави шефот на американската гранична полиција.
– Операциите на југозападната граница на САД достигнаа речиси еден милион за фискалната 2019 година, што заврши кон крајот на септември, изјави Марк Морган на прес-конференција во Вашингтон.
САД во 2019 година се соочуваат со нелегален влез од Мексико, главно граѓани на централна Америка кои бегаат од насилство и сиромаштија. Тој прилив предизвика криза на границата со преполни центри за прием и очајни санитарни услови.
– Приведувањата на границата достигнаа врв од 144.000 во мај. Оттогаш, бројот на приведени се намали на 52.000 во септември, рече Морган.
За да се намали бројот на несакани странци што доаѓаат, американската влада го притиска Мексико да распореди трупи на нејзината јужна граница за да ги спречи доаѓање на мигрантите, претежно од Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
