Речиси една милијарда долари собрани за обновување на Нотр Дам

Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена.
Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата.
Францускиот претседател Емануел Макрон одреди петгодишен рок за обнова на катедралата од 12. век. Макрон денеска ќе претседава на вонредна владина седница посветена на несреќата во Нотр Дам.
Претседателскиот советник за заштита на културното наследство Стефан Берн денеска изјави дека досега се собрани 880 милиони евра. Меѓу оние кои донираа се и американскиот ИТ-гигант „Епл” и магнатите, кои ги поседуваат „Л’Oреал“, „Шанел“ и „Диор“, како и католици и припадници на други вери од Франција и од целиот свет.
Властите го сметаат пожарот за несреќен случај.
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
